ОСНОВАЊЕ

МАРнет е јавна установа која врши дејност од јавен интерес.
Основана е со изгласување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа – МАРнет е донесен и објавен на 20.09.2010 година, во Службен весник на РМ бр.124. Со тоа МАРнет стекнува статус на правно лице со запишување во централниот регистар на Република Македонија.

Со назначувањето на директор, МАРнет официјално започнува со работа.

МИСИЈА

Мисијата на МАРнет е обезбедување на услуги на национално ниво и меѓународно поврзување на Македонската академска истражувачка и образовна заедница и поддршка на нивните истражувачки и образовни активности; промовирање и дисеминирање на употребата на информациските и комуникациските технологии посебно во академскиот и истражувачкиот сектор; одржување и управување со националниот ДНС, меѓународно претставување и членство; водење на политика и развој на националната академска мрежа.

Офицер за заштита на лични податоци

Александра Крстевска
+389 78 452 187
email: aleksandra.krstevska@marnet.mk